Ментор/Автор | Професија | Училиште и град |
Сашка Јовановска | Доктор на науки по англиски јазик – Професор | Училиште за странски јазици КАРИЕРА И УСПЕХ – Пробиштип |
Ученички тим | 1. Јована Димитриевска 2. Љубена Лазаревска 3. Христијан Атанасовски 4. Милан Јовчевски |
Возраст на децата креатори на играта | 12 години |
Возраст/и на деца за кои ја предлагате играта | 10 години |
Упатство за игра- Чекори и правила за игра
Тркалото од двете страни има различни броеви (секој број има свое прашање) и се предодредени за одговор на два спротиставени тима.
Играта ја играат два тима А (1-6) и Б (7-12) тим.
Член од група А го врти тркалото каде топчето застанува на број (7-12) и противникот го одговара прашањето. Доколку одговорот е точен, следуваат 2 поени. Иста е постапката и за тимот Б кој бара одговор на прашањата од 1-6.
Доколку противникот не го знае одговорот, другиот тим има право да одговори.
Победник е тимот кој има освоено најмногу поени.