Ментор/Автор Професија Училиште и град
Рамије Куртиши   Наставник по англиски јазик О.О.У.“Наим Фрашери”- Тетово
Ученички тим1. Булза Абдили
2. Гент Весели
Возраст на децата креатори на играта12 години
Возраст/и на деца за кои ја предлагате играта12 години

Упатство за игра- Чекори и правила за игра

Цели на играта: учениците да се стимулираат за концентрација и да размислуваат логично, исто така преку играта стекнат знаење задвете земји кои што се приклучиле први во основањето на НАТО.

Дидактички материјали: картон дизајниран со печатена слика на играта, грав и пченка (гравот ја симболизира Турција, а пченката ја симболизира Грција) и по едно знаме на двете држави.

Простор за игра: маса за игра.

Опис на играта: играта се игра во парови (2 ученика), оваа игра е наменета за деца од 12 години, а може и повозрасни. На маса го ставаме картонот со слика на играта, на една страна еден ученик кој преставува една држава и нејзиното знаме и 9 зрна грав, а од спротивната страна стои другиот ученик со знамето на другата држава и 9 зрна пченка.Играта почнува со ставање на еден грав во една точка, другиот ученик ја става пченката на другата точка. Првиот ученик гледа да го стави гравот за да неможе другиот ученик да прави “Бум”, оти ако се редат три пченки или три зрна грав тогаш тој ученик прави “Бум”и истиот ученик зема од спротивниот ученик едно зрно грав или пченка.

Победник на играта е ученикот кој ке направи повеќе “Бум” и ќе собере повеќе зрна грав или пченка.

Leave a comment