ООУ„Љубе Лапе“- Скопје, V-5 одделение

Што е тоа НАТО?

Баба ми постојано спомнува Нато,Нато,Нато.Но што значи овој збор?

Мама вели дека е алијанса, тато вели дека НАТО е меѓународна безбедна организација, а дедо вели дека е создадена со североатланскиот договор на 4 април.

Јас од сето ова сфатив дека НАТО е меѓународна организација која е создадена на 4 април.

Но, би го рекла и следново, секој има свое мислење за прашањето што е НАТО, нели???

Сара Трајчевска 10 години-V5 одд

 

Мислам дека НАТО е североатланска алијанса која се занимава со безбеден и поволен живот за секого.

Лука Николовски 10 години V5 одд

 

НАТО е скратеница која значи Северно Атланска Организација а има задача да спречува конфликти, а настанатите конфликти да ги решава по мирен пат.

Јана Спасиќ 10 години V5 одд

 

Што е тоа НАТО? (есеј)

Секојдневно на вести и на останатите социјални мрежи се зборува за НАТО.

Што е тоа НАТО???

Голем прашалник ми се вртеше низ главата.Што ли означува овој збор составен од четири големи букви?

Единствено што бев научил е дека со големите букви се запишува скратеница. Една вечер додека родителите ги следеа вестите на денот, пак го слушнав овој збор. Мојата баба ја забележа мојата замисленост и ме праша за што размислувам во моментот.

И раскажав за големиот прашалник кој ми се вртеше низ главата како и за буквите Н-А-Т-О.

Милно се насмевна и пична да ми објаснува:

-НАТО, внучко, се занимава со овозможување сигурен и безбеден живот за секој- рече таа.

А на другите кои немаат доволна безбедност, им помага со парични средства.

Ми раскажа и дека НАТО е создадена пред 70 години и дека таа на почетокот била класифицирана како политичка, но со многу труд и работа станала една од најголемите и најпознатите организации во Европа па и пошироко во светот.

Бев многу зачуден и љубопитен да дознаам повеќе.Баба ми сметаше дека она што ми го раскажа е доволно за мојата возраст.

Се согласив, но сметав дека тоа не треба да значи крај на мојот интерес.

Сепак сметам дека ние децата треба да бидеме благодарни зашто нашиот сон секошаш ќе биде спокоен а и ние кога ќе станеме возрасни, ќе бидеме дел од НАТО и ќе се трудиме да овозможиме блескава иднина на секого без разлика на верата и расата.

Лука Николовски 10 години V5 одд

Leave a comment